Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2018

Вилјареал го откупи договорот од Милан, Бака ќе вози со „жолтата подморница“ до 2022 година

Карлос Бака потпиша договор со Вилјареал до 2022 година, а денеска беше и официјалното претставување

Колумбискиот репрезентативец Карлос Бака ќе продолжи да игра за Вилјареал, но веќе не како позајмен играч од Милан, туку со перманентен договор со важност до 2022 година.
Денеска и официјално беше претставен како член на популарната „жолта подморница“. Бака лани, за сума од 2,5 милиони евра, играше како позајмен фудбалер во Вилјареал од Милан. Имаше солидна сезона со 15 постигнати голови, па раководството на клубот од Валенсија одлучи комплетно да го откупи  неговиот договор со Милан. Беше направена замена за крилото Саму Кастилјехо, кој го засили Милан.

Најнови вести