Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

По Малдини, во Милан се враќа и Кака

Новиот спортски директор на „росонерите“, Леонардо, го собира старото друштво на едно место, за една цел – да се вратат славните денови во Милан

Калчолигашот Милан летово се засилува на сите страни – во нападот Игуаин, Калдара во одбрана, а, во канцелариите Малдини и Кака.

„Росонерите“ вчера го назначија Малдини за директор за стратешки развој на фудбалот, а слична фунцкија би добил и некогашниот бразилски ас. Спортскиот директор Леонардо истакна дека Кака има желба да се проба и во тренерска улога, но неговата улога во клубот ќе ја одредат по неговото стигнување во септември.

На овој начин Леонардо се обидува да го врати Милан онаму каде што припаѓа, на врвот во Италија, па и Европа. Собирајќи ги поранешните ѕвезди тој е сигурен дека клубот ќе има голема корист, очекувајќи дека напредокот ќе се забележи набрзо.
Кака е последниот играч на клубот од „Сан Сиро“ кој ја освои „златната топка“. Тоа беше во сезоната 2006/2007 кога Милан ја освои последната Лига на шампиони, а Бразилец беше меѓу најзаслужните за трофејот.

Најнови вести