Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2018

Кака се враќа на фудбалските терени?

Некогашниот најдобар фудбалер во светот, повторно може да заигра во Италија

Бразилецот Кака во многу скоро време би можел да се врати на теренот. Легендата на Милан би требало да го облече дресот на италијанскиот третолигаш Монца. Тоа е тимот кој од пред неколку дена е во сопственост на тандемот Силвио Берлускони и Андриано Галијани.
Берлускони и Галијани се двајцата кои со години управуваа во Милан и тоа во времето кога „росонерите“ освојуваа трофеи. Сега тие повторно се активираа и тоа во тимо кој е во третата лига во Италија, а прва цел им е да го убедат Бразилецот да се врати во професионалниот фудбал.
На 17 декември минатата година, Кака и официјално се пензионираше. Последен тим за кој настапуваше беше Орландо Сити во САД. Кака ја почна кариерата во Сао Пауло во 2001 година, а од 2003 година пристигна во Милан, каде остане до 2009 година. Потоа направи трансфер во Реал Мадрид и на „Сантијаго Бернабеу“ остана до 2013 година, за да повторно се врати во Милан. Поседниот настап за „росонерите“ го имаше во 2014 година.