Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Магија на Наполи за чудесен триумф над Милан

Гостите водеа со 2:0, но „наполитанците“ на крајот се радуваа

Наполи се радува на победата од 3:2 во дербито на Серија А против Милан. Дуелот во Неапол изобилуваше со многу возбудувања, пресврти, а на крајот домаќините се радуваа. 
Милан одлично го почна мечот, а тоа беше крунисано со погодокот на Бонавентура во 15 минута. На почетокот на вториот дел, нов студен туш за домашните навивачи. Калабрија зголеми на 2:0 со погодокот во 49 минута. „Росонерите“ се радуваа на убедливата предност, но не очекуваа дека домашните фудбалери нема да се предадат. 
Вториот погодок на Милан како да беше знак за да се разиграат домаќините. Зиелински во 53 минута погоди за да го најави пресвртот. Истиот играч беше прецизен и во 67 минута за 2:2. Пресвртот го комплетираше Мертенс со погодок во 80 минута, за голема радост на фановите на Наполи и шок за играчите на Милан. 

 

Најнови вести