15.5.2017 Леверкузен го отпушти тренерот
Баер од Леверкузен ја раскина соработката со досегашниот тренер Тајфун Коркут.
Германскиот клуб има разочарувачка сезона, на едно коло до крајот на Бундеслигата се наоѓа дури на 12-тата позиција, само со десет победи во 33 одиграни натпревари.
На официјалната интернет-страница на екипата од Леверкузен на Коркут му посакаа сè најдобро во понатамошната кариера.
Турскиот стручњак на клупата на Баер седна на почетокот на март, а во досегашниот дел на кариерата ги водеше Кајзерслаутерн и Хановер.