Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2017

Чалханоглу суспендиран до крајот на сезоната

Хакан Чалханоглу, фудбалерот на Баер Леверкузен, е суспендиран на четири месеци поради договорот кој како тинејџер го постигнал во 2011 година со Трабзонспор.

Тој тогаш, како член на Карлсруе, од турскиот клуб зел 100.000 евра како некој вид капар. Во меѓувреме се премислил и го продолжил договорот со германскиот клуб.
Тој исто така ќе мора да му плати 100.000 евра на Трабзонспор како компензација.
Баер не е вклучен во прекршокот на Чалханоглу, со оглед на тоа дека во Леверкузен стигна кога му истече договорот со Карлсруе во 2011 година.
„Ова е голем удар за Хакан, но и за нас. Иако нашиот клуб нема ништо со тоа, казнети сме. Ќе играме без многу важен играч во клучниот дел на сезоната. Жалиме поради оваа одлука врз која никако не можеме да влијаеме“, изјави Руди Фелер, спортскиот директор на Баер.
Чалханоглу ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид и евентуалните понатамошни средби во ова натпреварување, како и остатокот од сезоната во Бундеслигата. Тој исто така нема да може да настапува за Турција на натпреварот со Финска на 24-ти март, во квалификациите за Светското првенство во Русија.

Најнови вести