Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2017

Дортмунд доведе дефанзивен играч од Баер

Омер Топрак, фудбалерот на Баер од Леверкузен, од наредната сезона ќе настапува за Борусија од Дортмунд.

Борусија платила 12 милиони евра, колку што изнесуваше откупната клаузула во договорот на Топрак.
Тоа значи дека наредната сезона турскиот репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивни играчи на германското првенство ќе настапува за клубот од Дортмунд.
Топрак потпиша четиригодишен договор, а Михаел Цорк, спортскиот директор на „милионерите“, е задоволен од завршената работа.
„Топрак е силен дефанзивен фудбалер со големо интернационално искуство и со одлични лидерски способности“, изјави Цорк.

Најнови вести