Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2016

Кејн закрепна, сепак неизвесен за Баер

Хари Кејн, фудбалерот на Тотенхем, целосно закрепна од повредата на глуждот и вчера го одработи првиот тренинг со екипата по паузата од месец и пол.

Англискиот репрезентативец се повреди на средината на септември, на натпреварот против Сандерленд во Премиер лигата и повторно ќе конкурира за тимот за денешниот дуел со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.
„Хари моментно е 50 отсто подготвен, ќе видиме. Тој е многу важен играч за нас и секако дека ми е мило што се врати. Многу сум задоволен од Винсент Јансен, а ќе бидеме уште посилни кога и двајцата ќе ги имаме на располагање“, изјави менаџерот Маурисио Покетино, а пренесува „Скај спорт“.
Доколку Кејн нема да игра денес против германскиот тим, на теренот се очекува да се врати во големото лондонско дерби против Арсенал во недела.
Кејн оваа сезона одигра шест натпревари и постигна два гола.

 

Најнови вести