26.12.2016 Топрак ќе ја засили одбраната на Борусија
Турскиот репрезентативец Омер Топрак наводно ќе ја засили Борусија од Дортмунд во јануарскиот преоден рок.
Како што пренесува германскиот „Билд“, Томас Тухел наводно договорил трансфер на искусниот стопер со Баер од Леверкузен за 12 милиони евра.
Топрак има 27 години, во Баер стигна во 2011 година од Фрајбург, а во овие два клуба настапи 208 пати во Бундеслигата во текот на осум години и постигна четири гола.
Во сите натпреварувања има 254 натпревари и десет голови, од кои 187 настапи и шест погодоци за Баер.
За турската репрезентација настапи 25 пати и постигна два гола, додека во Бундеслигата има четири.