Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2016

Голем малер за Похјанпало

Џоел Похјанпало, фудбалерот на Баер од Леверкузен, ја скрши коската во стапалото, поради што ќе паузира до декември, соопшти германскиот клуб.

Похјанпало се повреди на тренинг, ден по натпреварот со Монако во Лигата на шампионите, а со рехабилитација ќе може да почне дури по шест седмици.
Младиот напаѓач од Финска постигна четири гола на два натпревари и покрај Хавиер Ернандес Чичарито, е единствениот стрелец за Баер оваа сезона во Бундеслигата.

Најнови вести