Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2017

Гриезман: Облак е најдобриот голман на светот

Антоан Гриезман, напаѓачот на Атлетико Мадрид, изјави дека е воодушевен од партијата на неговиот соиграч, голманот Јан Облак во реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Баер од Леверкузен.

По победата од 4-2 во првиот натпревар, Атлетико во Леверкузен избори 0-0 најмногу благодарение на одличните одбрани на словенечкиот голман.
Облак не настапи во првиот натпревар, а од неговото деби во сезоната 2014/15, на 13 од 14 натпревари во Лигата на шампионите ја сочува мрежата.
„Поради тоа и кажувам дека тој е најдобриот голман на светот. Тоа го докажува во секој натпревар, сега тоа повторно го направи“, изјави Гриезман.
Французинот имаше една одлична шанса, но не успеа да ја затресе мрежата.
„Имавме шанси, но немавме среќа. Сепак, најважно е тоа што се пласиравме во четврт-финалето, веќе размислуваме за тоа што нè чека. Секоја година доаѓаме до четврт-финалето - делува лесно, но има многу натпревари и секогаш мораш да го дадеш максимумот“, додаде Гриезман.

Најнови вести