Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2018

Симеоне сака да го доведе својот син во Атлетико

Фиорентина ја одби понудата на Атлетико вредна 40 милиони евра за младиот напаѓач од Аргентина.

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико од Мадрид, сака да го доведе својот син Џовани во редовите на „јорганџиите“. Но, неговиот план сака да го спречи Фиорентина, клубот во којшто игра младиот Џовани.
Раководството на „виолетовите“ од Фиренца изјави дека нема ништо против трансферот, но за повеќе од 40 милиони евра. Всушност, Атлетико испрати толкава сума, но таа во старт беше одбиена.
Синот на Диего, тренерот на Атлетико, во последните три сезони во Серија А израсна во одличен напаѓач. Затоа не е ни чудно што таткото сака да го доведе во Атлетико, каде што би го сочинувал напаѓачкиот тандем со Диего Коста.
Дваесет и тригодишниот Џовани Симеоне минатата сезона постигна 15 погодоци за Фиорентина и имаше пет асистенции.
„Не би имал проблем да ме тренира татко ми. Ги гледам неговите натпревари и тој ги гледа моите. Имам одличен фудбалски однос со него, така што баш би сакал еден ден да играм кај него во Атлетико“, изјави синот на Диего.
„Кој не би сакал да го тренира еден од најдобрите тренери на светот“, додаде Џовани Симеоне.
Покрај Атлетико, Џовани Симеоне го сакаат и Олимпик Марсеј и Баерн Минхен, а младиот фудбалер кариерата ја почна во Ривер плате, а потоа беше член на Банфилд и на Џенова.

Најнови вести