Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2018

Атлетико Мадрид остана без уште една легенда

Легендарниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Габи Фернандес Аренас, го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи во Катар.

Триесет и петгодишниот фудбалер од средината на теренот потпишал договор со Ал Сад до Доха до 2021 година. За клубот од 2015 година настапува и легендарниот фудбалер на Барселона и шпанската репрезентација Чави Ернандес.
Габи излезе од младинската школа на Атлетико Мадрид, а во првиот тим почна да игра во 2004 година. Член на „јорганџиите“ беше до 2007 година кога се пресели во Сарагоса.
Четири години подоцна се врати во матичниот клуб и со Атлетико го освои првенството на Шпанија во 2014 година, Купот на кралот во 2013, Лигата на Европа 2012 и 2018, како и Суперкупот на Европа во 2012 година.
Клубот од Мадрид летово го напушти уште една негова легенда, Фернандо Торес.

Најнови вести