Корисничко име Лозинка Пријави се
10.7.2018

Торес потврди: Јапонците знаеја како да ме убедат

Фернандо Торес, досегашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, изјави дека кариерата ќе ја продолжи во јапонскиот Саган Тосу.

„Саган Тосу беше еден од првите клубовикој покажа интерес за мене. Ги ценам намерите на управата на клубот и начинот на којшто ме убеди со својот спортски, личен и културен проект“, изјави Торес.
Шпанскиот напаѓач, наводно, ќе заработува 80 илјади евра седмично, а договорот му важи до 2020 година.
Саган Тосу нема добри резултати во Ј лигата бидејќи по 15 кола се наоѓа на претпоследното, 17-то место со 13 бодови.
Торес по завршувањето на сезоната во Ла Лига, го напушти Атлетико по втор пат, збогувајќи се од матичниот клуб со титулата во Лигата на Европа.

Најнови вести