Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2018

Неуспешни дебија на Иниеста и Торес во Јапонија

Андрес Иниеста дебитираше за новиот клуб Висел Кобе во Јапонија, но неговиот тим доживеа убедлив пораз.

Кобе на домашен терен беше поразен од Шонан со 3-0, а Иниеста на теренот играше во последниот половина час од дуелот и доби големи овации.
Со овој пораз Кобе остана на шестата позиција со 25 бода, додека Шонан има три помалку и се наоѓа на 11-тото место.
Не беше успешен ниту Фернандо Торес, кој за Саган Тосу одигра речиси цело полувреме, но доживеа минимален пораз од Вегалта Сендај.
Саган остана во зоната на испаѓање со 14 бодови, три помалку од првата екипа над линијата.

Најнови вести