Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2018

Иниеста сè уште размислува за Кина, добил понуда од 81 милион долари

Иниеста со каталонскиот гигант освои дури 32 трофеја, од кои четири во Лигата на шампионите.

Андрес Иниеста, фудбалерот кој си заминува од Барселона, добил понуда од кинескиот Чонгчјинг Дангдаи Лифан за три години да заработи 81 милион евра.
Капитенот на каталонскиот тим, кој објави дека по завршувањето на сезоната, ќе си замине од Барселона по 22 години, сè уште размислува дали да ја прифати богатата понуда на Кинезите, пишува „Мундо Депортиво“.
Иниеста би заработувал по 27 милиони годишно, и тоа кога би се одбил данокот, и би бил еден од најплатените фудбалери на светот, веднаш зад сегашниот соиграч Лионел Меси и зад Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.
За 35-годишниот играч за врска се заинтересирани и други кинески клубови, како Тијанџин Чјуанџјан, како и Манчестер сити со менаџерот Пеп Гвардиола.
Иниеста со каталонскиот гигант освои дури 32 трофеја, од кои четири во Лигата на шампионите.

Најнови вести