Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2017

Иниеста: Не е толку лошо како со ПСЖ

Андрес Иниеста, фудбалерот на Барселона, по поразот од Јувентус (3-0) во четврт-финалето на Лигата на шампионите, изјави дека не се чувствува лошо како по поразот во Париз.

Барселона по втор пат во низа е на сличен испит, против парижаните успеа да направи голем пресврт (0-4, 6-1), а сега посакува нов против Јувентус.
„Правевме само лоши работи, посебно во првото полувреме, тоа се казнува во Лигата на шампионите со два гола. Во продолжението бевме подобри, заслуживме да постигнеме гол, но сега тоа не ни е утеха“, изјави Иниеста.
Иниеста изјави дека смета дека Каталонците не се во толку лоша состојба како по натпреварот со ПСЖ, разликата е само за еден гол, но против тим со значително посилна одбрана.
„Јувентус е одличен тим, ги искористи нашите грешки и нè казни. Не се чувствуваме толку лошо како по натпреварот со ПСЖ, но повторно имаме задача да преминеме висока планина. Доколку ги направиме работите кои веќе сме ги достигнале, сè може да се сврти“, изјави Иниеста.

 

Најнови вести