Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2018

Легендата си замина: Торес се збогува од Атлетико со два погодока

Совршена разделба на Фернандо Торес од Атлетико Мадрид. Ел Нињо прво го подигна трофејот во финалето на Лигата на Европа, а вчера со двата погодока во ремито со Еибар (2-2) се збогува од Атлетико, од стадионот „Ванда Метрополитано“, од навивачите и од Примера лигата.

Торес за Атлетико дебитираше на 17 години, досега одигра 35 натпревари и постигна 117 погодоци. Играше уште за Ливерпул, Челзи и Милан, но посебен однос имаше со Мадриѓаните, во чии редови се враќаше.
Збогувањето беше одлично, токму какво што заслужи Торес, навивачите подготвија кореографија, а играчите во шпалир го испратија за последен пат на теренот во дресот на Атлетико.
Торес следната сезона најверојатно ќе игра во Соединетите Американски Држави, кај српскиот тренер Вељко Пауновиќ, но се шпекулираше и за некои понуди од Кина.
Торес, кој беше и капитен на Атлетико, во Лигата на Европа го освои својот единствен трофеј во црвено-белиот дрес.

 

Најнови вести