Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Опасен подвиг и седум гола на ист играч - Багдад се распука, Ал Араби се распадна

Напаѓачот на катарскиот клуб Ал Сад, Багдад Бунеџах имаше ретко виден ефект на фудбалските терени и постигна неверојатни 7 голови на дербито со Ал Араби, кое заврши со резултат 10:1

Алжирскиот репрезентативец Багдад Бунеџах беше незадржлив и сам постигна фантастични 7 погодоци во триумфот од 10:1 на најпопуларниот и најтрофеен клуб во Катар, Ал Сад, против 7-кратниот шампион Ал Араби. Ваков голгетерски ефект ретко се гледа на фудбалските терени, а интересно е што Бунеџах постигна дури 6 гола во второто полувреме. Дека задачата не беше лесна потврдува рејтингот на противникот. Ал Араби е еден од најпопуларните клубови во Катар и има 7 титули, зад Ал Сад со 13, но немаше рецепт како да го сопре Алжирецот, кој одигра феноменален меч. И забележа рекорд од 7 погодоци во историјата на катарските шампионати.

 

Најнови вести