Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2015

ФИФА го потврди зимскиот Мундијал во 2022

Светското фудбалско првенство во Катар во 2022 година ќе почне на 21 ноември и ќе трае само 28 денови, потврди Светската фудбалска федерација.

Како што пренесоа сите светски новински агенции, финалето на првенството ќе се игра во недела на 18-ти декември на денот на националниот празник на Катар.
ФИФА во март дефинитивно одлучи Мундијалот во Катар наместо во јуни и јули да се одржи во зима за да се избегнат големите летни жештини во таа земја.
Катар пред четири години ја доби организацијата на Мундијалот во конкуренција на Австралија, САД, Јужна Кореја и Јапонија. Оваа одлука беше изненадувачка, а по неа следеа бројни обвинувања за корупција во ФИФА, како и за одлуката Мундијалот во 2018 година да го добие Русија која имаше еден глас повеќе од Англија, а во конкуренција беа уште и Холандија-Белгија и Шпанија-Португалија.
Катар наводно дал мито од три милиони фунти на официјалните лица на ФИФА да ја добие поддршката за кандидатурата за Светското првенство, но независната истрага не најде докази за тие тврдења.
Независниот обвинител на етичкиот комитет на ФИФА, Ханс Јоаким Екерт, го ослободи Катар од обвиненијата и ја критикуваше Фудбалската асоцијација на Англија за непримерно однесување при кандидатурата за СП 2018 која за еден глас повеќе ја доби Русија.

Најнови вести