05.8.2018 Куртоа ги пакува куферите и се сели во Мадрид
Според најавите од менаџерот на белгискиот голман, трансферот е речиси завршен
Белгискиот репрезентативен голман, Тибо Куртоа, во новата сезона, многу веројатно е дека ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Според најавите на менаџерот на чуварот на мрежата, Куртоа решил да замине во Мадрид, а Челзи ќе го прифати тоа.
„Јасно му покажавме на Челзи дека Куртоа сака да си оди, а најдобра опција за него е да потпише за Реал Мадрид. Тоа е голема одлука на голманот. Има понуда која Челзи треба да ја прифати“, открива менаџерот на Куртоа, Кристоф Хенротај.
Куртоа е еден од најдобрите голмани не само во Англија, туку во цел свет. Тој е еден од најзаслужните што Белгија го освои третото место и бронзениот медал на неодамна завршеното Светско првенство во Русија.