14.8.2018 Самуел Ето и на 37 години ќе игра во Катар
Поранешниот голгетер на Барслеона и Интер по авантурата во Турција, ќе игра во катарската лига
Самуел Ето потпиша едногодишен договор со Катар Спорт клуб, екипа која се натпреварува во првата катарска лига. За триесет и седумгодишниот фудбалер ова ќе биде тринаесетти клуб во неговата кариера, откако претходно играше за Мајорка, Леганес, Еспањол, Реал Мадрид, Барселона, Интер, Анжи, Челзи, Евертон, Сампдорија, Анталијаспор и Коњаспор.
Тимот за кој ќе игра Ето се наоѓа на петтата позиција во катарската лига по две одиграни кола, додека најодликуваниот африкански фудбалер пристигнува како големо засилување и најверојатно веднаш ќе биде ставен во конкуренција за настап.