05.9.2018 Скандал кај Нигеријците, помошник-тренер мераклија за мито доби едногодишна суспензија
Голем скандал ја тресе фудбалската репрезентација на Нигерија, а суспензија од една година и парична казна од 5 илјади долари поради примање мито заработи еден од помошните тренери
Салису Јусуф, помошен тренер во фудбалската репрезентација на Нигерија, е фатен „жив“ како прима мито од новинар, кој се претставил како менаџер и барал помош дел од играчите да се најдат на списокот за Мундијалот во Русија.
Јусуф побарал и добил мито од илјада долари од новинарот, а бил снимен во акција, односно на дело, како ги прима парите.
Целиот случај предизвика вистински потрес во редовите на нигеријската селекција, а казната за Јусуф е едногодишна суспензија и парична глоба од пет илјади долари.