Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2015

Втора победа на Македонија на СП во Катар

Македонската ракометна репрезентација ја оствари и втората победа на Мундијалот во Катар, овој пат над Иран со 33:21.

Селекторот Обрван се реши да одмори неколку репрезентативци по вчерашната убедлива победа над Тунис и со комбиниран состав го почна натпреварот од второто коло.
И покрај промените, Македонија почна фуриозно и направи водство од 4-1, но Иранците по тајмаутот заиграа многу подобро и во 12-тата минута стигна до првото водство од 9-8. На средината од првото полувреме имаа и два гола предност, 11-9, но македонските ракометари ја преземаа контролата и преку Миркуловски стигнавме до израмнување. Иранците продолжија со добра игра и пак направија два разлика, но тогаш во игра влезе Кире Лазаров кој постигна два гола за изедначување, а Филип Лазаров нè доведе во водство. Во самиот финиш Прибак погоди за водство од 19-17 на полувремето.
Во вториот дел на голот застана Борко Ристовски и со неколку одлични одбрани дозволи да направиме солидна предност која во еден момент беше и пет голови, 27-22. Иранците не се предадоа и го намалија нашето водство на еден гол, 28-27, но искуството беше пресудно и со добра игра преку Миркуловски, Стоилов и Недановски направивме солидна резерва пред финишот во кој рутински го завршивме натпреварот со конечни 33-31.
Кирил Лазаров повторно беше наш најефикасен ракометар со девет гола иако не го одигра целиот натпревар, Прибак постигна пет, а пријатно изненадување беше Недановски кој четири пати беше стрелец.
Утре не се играат натпревари во нашата група, а во понеделник Македонија против Босна и Херцеговина го игра натпреварот од третото коло, исто така во 17 часот.

Најнови вести