Корисничко име Лозинка Пријави се
31.10.2013

Нова финансиска инјекција од Катар за ПСЖ

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ потврди дека потпишал спонзорски договор со Катарската туристичка заедница, од која годишно на сметката ќе добива и до 200 милиони евра.

Бидејќи ПСЖ веќе неколку години е во катарска сопственост, ваквиот договор не е чуден, а со него парискиот клуб ќе остане важен играч на европскиот пазар и следните години. Според извештаите на француските медиуми, ПСЖ ретроактивно ќе добие премија од Катарската туристичка заедница и за 2012 година.
Износот секоја година ќе биде сè поголем, а во 2016 година ќе нарасне на вртоглави 200 милиони евра. Тоа ќе им помогне на парижаните во покривањето на големите издатоци, а деталите на договорот ќе мора да бидат претставени пред Европската фудбалска федерација за да се види дали се во согласност со правилата на финансискиот фер плеј.
ПСЖ за возврат ќе го промовира катарскиот туризам, а во договорот е вклучена и ракометната екипа на парискиот клуб, која, меѓу останатото, ќе го промовира и Светското првенство на кое Катар ќе биде домаќин во 2015 година.

Најнови вести