Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2018

Буфон во ПСЖ две години, годишна плата од 8,5 милиони евра

Договорот веќе е направен и одобрен, останува само формалното потпишување.

Џанлуиџи Буфон во наредните неколку дена ќе потпише двегодишен договор со францускиот ПСЖ.
Договорот веќе е направен, проучен и одобрен, останува само формалното потпишување.
Според информациите, познатиот Џиџи ќе добива плата од осум милиони евра по сезона. Не е лошо, со оглед на тоа дека на почетокот на наредната година ќе наполни 41 година.
Од „Паркот на принцовите“ доаѓа и веста дека дваесет и тригодишниот играч за врска Адријан Рабјо е цел на Барселона, односно на спортскиот директор Ариедо Брајда , кој многу го почитува.
Рабјо е во Париз од 2012 година, шест пати беше репрезентативец на Франција, има договор до 2019, а цената му е 45 милиони евра.

Најнови вести