Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Буфон: Во Италија се опседнати со фудбалот

На Џиџи му се допаѓа опуштеноста во Париз

Голманот Џанлуиџи Буфон во интервју за „Франс фудбал“ откри дека во Франција се чувствува многу поопуштено отколку во времето додека бранеше во Италија. 
„Тука во Франција има помалку стрес отколку во Италија, и тоа е нешто ново за мене. Во Италија понекогаш претеруваме со некои работи и премногу сме опседнати со фудбалот“, рече легендарниот Буфон, кој дури на 40-годишна возраст за првпат направи трансфер во странство и сега можеби и жали што порано не ја напушти татковината. 
„Пристапот кон мечевите и тренинзите не е ист. Во Париз сè е поопуштено и со повеќе уживање. Кога играв во Серија А, постоеше голем стрес, дури и кога играв против помали тимови. Менталитетите се различни“, додава Џиџи, кој 17 сезони бранеше за Јувентус, а пред тоа се прослави и на голот на Парма. 
Буфон смета дека сега е подобар голман отколку пред пет или шест години и тврди дека има одличен однос со другите двајца чувари на мрежата на ПСЖ, кои му станале блиски како браќа.  

 

Најнови вести