Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2018

Куп на Италија: Игуаин погоди, неверојатниот Џиџи ја зачува победата

Јувентус од Торино ја победи Аталанта како гостин во првиот натпревар на првиот пар од полуфиналето на Купот на Италија – 1-0 (1-0).

Единствениот гол на стадионот во Бергамо беше постигнат по три минути игра, кога Гонзало Игуаин ја искористи лошата реакција на одбраната и лесно погоди за водство.
Домаќините можеа да се вратат во средбата дваесетина минути подоцна, кога главниот арбитер Паоло Валери, по консултацијата со системот ВАР, оправдано досуди пенал поради тоа што Мехди Бенатија одигра со рака, но Џанлуиџи Буфон, кој се врати на теренот по повеќе од два месеца, го прочита и го одбрани ударот на Алехандро Гомес.
Нови возбудувања немаше сè до крајот на натпреварот, кога Јосип Иличиќ не успеа да ја искористи ситуацијата еден на еден, односно неверојатниот Џиџи со одлична интервенција го спречи и неговиот обид.
Реваншот на програмата е на 28-ми февруари во Торино.

Најнови вести