29.8.2018 Роналдо во Јуве носи уште една ѕвезда на Реал
Кристијано сака покрај себе да има позната фаца
Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јуветус е најважното нешто што се случи во летниот преоден рок. До крајот на трансфер-периодот има уште малку, а можно е да се случи во Јувентус да дојде уште една ѕвезда на Реал Мадрид, а главна конекција за реализација на договорот е токму Роналдо.
Можно е во Торино да дојде Марсело. Бразилецот е добар пријател и надвор од теренот со Кристијано. Според најголемата ѕвезда на Јувентус, во Реал ќе се согласат да го продадат Марсело ако некој понуди 50 милиони евра.
И во Реал се свесни дека левиот бек е цел на Јувентус, па затоа претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перес најави дека е подготвен да му даде нов договор на Марсело, а откупната клаузула да му биде зголемена на 50 милиони евра.
Марсело е еден од клучните играчи на мадриѓаните и досега беше речиси незаменлив. Сепак, на последниот меч на гостувањето кај Хирона, Марсело беше заменет во 60-тата минута. Самиот фудбалер беше изненаден од тој потег на тренерот Лопетеги и изјави дека не ја знае причината поради која морал да го напушти теренот во 60-тата минута.