Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2018

Смена на генерацијата во Јувентус – тројца си заминуваат, тројца доаѓаат

Јувентус ова лето би можело да се најде на пресвртница во италијанското првенство бидејќи тројца од постарите играчи би можело да си заминат, а тројца да дојдат, пишува „Тутоспорт“.

Меѓу сениорите коишто би можело да си одат од клубот се Џанлуиџи Буфон, Клаудио Маркисио и Алекс Сандро.
За Буфон се шпекулира дека би можело или да се пензионира или да си замине, со оглед на тоа дека италијанските медиуми пишуваа дека тој претходно имал преговори со Бока јуниорс.
Сандро би можело да отиде во ПСЖ, а Маркицио, кому му се ближи залезот на кариерата, оваа сезона имаше само 17 настапи.
Бепе Марота, наводно, сака да ги замени со Матео Дармијан од Манчестер јунајтед и Емре Џан од Ливерпул.
Додека Дармијан е во втор план кај Жозе Мурињо, Емре Џан има проблеми со повреди. Според наводите на „Тутоспорт“, Јувентус планира во системот да го приклучи и Матија Калдара, кој добро се покажа во Аталанта.

Најнови вести