Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Роналдо упатил најмногу удари од сите играчи во Топ 5 лигите

Португалецот од 15 шута, нема дадено ниту еден гол за Јувентус

Најголемата ѕвезда во италијанската Серија А, Кристијано Роналдо уште чека да го даде првиот погодок во дресот на Јувентус. По првите два меча одиграни во првенството, Роналдо упати дури 15 удари кон голот на противниците, но ниту еден не заврши во мрежата. 
Тие 15 удари на Роналдо се најмногу упатени шутеви од еден играч, и тоа не само во Серија А, туку во Топ 5 лигите во Европа. Ниту еден друг фудбалер не шутирал толку пати во новото првенство. На дебито против Киево, Роналдо шутнал девет пати, додека на мечот против Лацио се обидел шест пати да даде гол, но сите биле неуспешни. Од овие 15 шута, осум успеале да ги одбранат голманите, а седум биле непрецизни и не оделе во рамките на голот. 
Сите навивачи на Јувентус уште чекаат на деби-погодокот на Роналдо. Тие се надеваат дека нема да чекаат како фановите на Манчестер јунајтед. Роналдо кога дојде во англискиот гигант, му требаше да одигра 13 натпревари за да го даде првиот гол.
За разлика од Манчестер, Кристијано за Реал Мадрид погоди уште во дебитантскиот настап, и тоа од пенал, во победата од 3-2 против Ла Коруња. Кога се работи за дресот на португалската репрезентација, Роналдо на првиот гол се израдува во седмиот негов настап за националниот тим, а тоа беше на ЕП 2004 година против Грција во групната фаза. 
На први септември Јувентус гостува кај Парма, меч на кој Роналдо се надева дека конечно ќе се израдува на погодок во дресот на „старата дама“.

 

Најнови вести