21.6.2018 Пасторе по седум години се враќа во Серија А
Аргентинскиот фудбалер Хавиер Пасторе по седум години во Франција, односно во ПСЖ, блиску е до враќање во Италија и трансфер во Рома.
Како што пренесува „Калчомеркато“, некогашниот фудбалер на Палермо доаѓа во Рим за оштета од 29 милиони евра и годишна плата од четири милиони, плус бонуси.
Тој ќе стане петто засилување на „волчицата“ во летниот преоден рок, откако во клубот дојдоа Брајан Кристанте, Анте Ќориќ, Иван Маркано и Џастин Клајверт.
Пасторе за репрезентацијата на Аргентина одигра 29 натпревари, но не се најде на списокот на селекторот Хорхе Сампаоли за Мундијалот во Русија.