Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Стигна понуда од Франција за Стротман – Рома се двоуми дали да прифати 25 милиони евра

Холандскиот репрезентативец е голема желба на Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј испрати официјална понуда од 25 милиони евра за фудбалерот на Рома, Кевин Стротман. Францускиот тим дури и подготвил договор за Холанѓанецот, 4,5 милиони евра за секоја одиграна сезона.

Но, раководството на „волчицата“ го остави Стротман да ја донесе конечната одлука за неговата иднина, доколку тој сака да си замине, Рома ќе ја прифати понудата од 25 милиони евра. Играчот за врска има време до 31-ви август да одлучи дали ќе го прифати новиот предизвик, или ќе остане да се бори да место во стартните 11 кај тренерот Еузебио Ди Франческо.

Рома во изминативе два летни периоди доведе неколку нови засилувања во средниот ред, додека оваа понуда звучи доста примамливо со оглед дека се работи за фудбалер кој изминативе неколку сезони се бореше со тешки повреди поради кои долго време отсуствуваше од терените.

Најнови вести