Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2018

ПСЖ не може да го доведе Ракитиќ, па ќе го купува Бускетс!?

Шпанските медиуми најавуваат бомбастичен трансфер

Серхио Бускетс се согласил да си замине од Барселона откако Пари Сен Жермен решил да ја плати откупната клаузула за негово доведување во редовите на францускиот првак. Ова го пишуваат влијателните весници „Марка“ и „Мундо Депортиво“. Ако се реализира овој трансфер, „светците“ од Париз ќе доведат еден од клучните фудбалери во играта на Барселона. 
Бускетс во 2016 година потпиша нов петгодишен договор со Барселона, со можност за двогодишно продолжување, а откупната клаузула му беше зголемена од 167 милиони евра на неверојатни 500 милиони евра. 
ПСЖ минатото лето го направи најскапиот трансфер во историјата на фудбалот откако за 222 милиони евра го доведе Бразилецот Нејмар. Летово Французите се обидоа да го доведат Иван Ракитиќ, но откако Барселона ги одби, се фокусираа на Бускетс. Играчот за врска е еден од најважните алки во играта на каталонскиот гигант.

 

Најнови вести