Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2015

Французите нови светски ракометни шампиони

Ракометарите на Франција станаа нови светски шампиони, откако во финалето го победија домаќинот Катар со 25-22.

Французите со тоа ја потврдија доминацијата во овој спорт освојувајќи ја тројната круна – Европското и Светското првенство, како и Олимписките игри.
Овој успех го остварија по втор пат во историјата, претходно тоа го направија во 2009 година. Исто така, тие ја прекинаа бајката на Катар, кој за прв пат во историјата отиде толку далеку на некој голем турнир.
„Галските петли“ до одлучувачка предност во преполната „Луисал арена“ (17.000 гледачи) дојдоа во првото полувреме, кое го добија со 14-11, а потоа сигурно ја одржуваа до крајот, за петтата светска шампионска титула.
Најефикасен во победничката екипа беше Никола Карабатиќ со пет голови, Валентин Порт и Даниел Нарсис постигнаа по четири, додека по три имаа Ксавиер Бараше, Алис Ниокас и Мишел Гигу.
Кај Катарците  најефикасен беше Жарко Марковиќ, кој постигна седум погодоци, еден повеќе од Рафаел Капоте. Марковиќ турнирот го заврши како втор стрелец со 67 постигнати голови, четири помалку од Драган Гајиќ од Словенија.
Даниел Шариќ, српскиот голман кој ги брани боите на оваа пребогата земја, го дели петтото место според успехот со Матијас Андерсон и Петар Штол.
Бронзениот медал отиде во рацете на репрезентацијата на Полска, која по драмата и продолженијата, ја совлада Шпанија со 29-28.

Најнови вести