Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2016

Тери ги одби Кинезите, сака во МЛС или во Катар

Џон Тери одбил неверојатна понуда од неименувант кинески клуб и заработката од 20 милиони фунти, бидејќи сака на крајот на сезоната да продолжи во САД или во Катар.

Како што пренесува „Дејли Мирор“ капитенот на Челзи ќе одбере од трите понуди кои ги има на масата- Ал Араби од Катар и две од МЛС лигата, Лос Анџелес галакси и Њујорк сити.
Тери порано објави дека нема да го продолжи договорот со Челзи, кој му истекува на крајот на сезоната, откако неговиот клуб не му понуди нова соработка.
Легендарниот англиски дефанзивен играч ќе ги напушти „сините“ по 21 година во клубот, а до сега одигра 699 натпревари и постигна 66 голови.
Со клубот од Лондон освои четири титули во Премиер лигата, Лига на шампионите, пет ФА купови, три Лига купови, Лига на Европа и два Комјунити шилд.

Најнови вести