Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2014

Македонија на СП во „балканската“ Група Б

На Светското првенство во Катар ракометната репрезентација на Македонија ќе игра во група со селекциите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис и на Иран.

Според квалитетот, ова е лесна група за нашата репрезентација затоа што е избегната Германија, а во неа се наоѓаат репрезентациите со коишто нашите ракометари веќе ги имаат одмерено силите.
Ждрепката беше извршена во Доха, а манифестацијата ја отвори претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа.  Домаќинот на следниот Мундијал го промовираше концептот за Светско ракометно првенство со пет ѕвездички.
Нашата земја беше во третиот барабан, заедно со Русија, Катар и Алжир, а бидејќи Катарците имаа право на избор во која група ќе играат, тој барабан беше оставен за последен.
Во првиот барабан се наоѓаа селекциите на Шпанија, Франција, Данска и на Хрватска, а во вториот беа Босна и Херцеговина, Полска, Шведска и Словенија.

Групите за Светското првенство 2015 во Катар:

Група А
Шпанија, Словенија, Катар, Белорусија, Бразил, Чиле
Група Б
Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Австрија, Тунис, Иран
Група Ц
Франција, Шведска, Алжир, Чешка, Египет, ОАЕ
Група Д
Данска, Полска, Русија, Аргентина, Бахреин, Германија

Распоред на натпреварите во Групата Б

1. коло: МАКЕДОНИЈА-Австрија, Хрватска-Иран, БиХ-Тунис
2. коло: МАКЕДОНИЈА -Тунис, Иран-Австрија, Хрватска-БиХ
3. коло: МАКЕДОНИЈА -Хрватска, Австрија-Тунис, БиХ-Иран
4. коло: МАКЕДОНИЈА -БиХ, Хрватска-Австрија, Иран-Тунис
5. коло: МАКЕДОНИЈА -Иран, Австрија-БиХ, Тунис-Хрватска

Најнови вести