Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2014

Јапонија сака да го организира СП 2022 наместо Катар

Јапонија се подготвува во случај да му биде одземена на Катар организацијата на Мундијалот во 2022 година, да ја преземе улогата домаќин на тоа натпреварување, потврди за агенцијата „АФП“ Кунија Даини, претседателот на Јапонската фудбалска федерација.

„Доколку Меѓународната фудбалска федерација би барала алтернатива, ние веќе имаме стадиони кои ќе може да ги задоволат сите потребни критериуми“, изјави Даини.
Тој потсети дека Јапонија како организатор на Олимписките игри 2020 година би била спремна да ја преземе улогата домаќин на светскиот фудбалски шампионат.
„Доколку би имало можност, секако, ние би сакале да бидеме домаќини, иако не сум сигурен дали такво нешто воопшто може да се случи“, додаде претседателот на Јапонската фудбалска федерација.
Тео Цванцигер, член на Извршниот комитет на ФИФА, во февруари ја отфрли можноста на Катар да му се одземе шансата да биде домаќин на Светското првенство 2022 година, и покрај тоа што таа земја е обвинета за лошите услови во кои работат сезонските работници ангажирани на изградба на стадиони.

Најнови вести