Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2015

Агире доби отказ од Јапонија

Фудбалскиот сојуз на Јапонија го смени Мексиканецот Хавиер Агире од местото селектор на репрезентацијата поради вмешаност во аферата околу местењето натпревари во Шпанија.

Агире е под истрага поради сомнение дека заедно со уште 30 лица учествувал во местење на натпреварот со Леванте, во мај 2011 година, кога беше тренер на Сарагоса.
„Дојдовме до заклучок дека мора да се избегне ризикот кој би можело да влијае на екипата во квалификациите за Мундијалот. Одлучивме да го раскинеме договорот со селекторот Агире“, изјави Кунија Даини, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Јапонија.
Спорниот натпревар одигран е во последното коло на сезоната 2010/11, кога Сарагоса со победата од 2-1 против Леванте во гости избори опстанок во елитата.
Агире на клупата на Јапонија дојде по Светското првенство во Бразил, но не се прослави бидејќи на неодамна завршениот Азиски куп беше елиминиран во четврт-финалето, по елиминацијата од Обединетите Арапски Емирати.
Во текот на кариерата беше селектор на Мексико, а беше тренер на Атлетико Мадрид, Осасуна, Пачука и Атланта.

Најнови вести