06.10.2018 Голчиште на Барди за победа на Леванте против Хетафе
Нова мајсторија на македонскиот репрезентативец
Енис Барди постигна прекрасен гол од слободен удар на гостувањето кај Хетафе и на Леванте му донесе победа од 1-0.
Македонскиот репрезентативец погоди од преку 25 метри и уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите изведувачи од слободен удар.
За Барди, ова е прв гол сезонава, а Леванте стигна до третата победа сезонава во Примера дивисион. Минатата сезона Барди погоди пет пати од слободен удар, а единствено попрецизен од него во Шпанија беше Лионел Меси.