Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2015

Роналдо стана најдобар стрелец на Реал Мадрид на сите времиња

Реал Мадрид ја прекина серијата од два натпревари без победа во националниот шампионат совладувајќи го Леванте на домашен терен со 3-0 во осмото коло на Примера лигата.

По двете последователни ремија, кралскиот клуб стигна до петтата победа и го презеде челото на табелата, додека гостите останаа 18-тото место со шест бодови.
Јунак на победата на „Сантијаго Бернабеу“ беше најдобриот играч на светот, Кристијано Роналдо, кој прво му асистираше на Марсело за водство во 27-мата минута, а само 180 секунди подоцна и самиот се запиша во стрелците.
Конечниот резултат го постави Хесе Родригез, по пасот на Лукас Васкес во 81-вата минута.
Фантастичниот Португалец го постигна својот шести гол во досегашните осум средби во Примера лигата, но прв од шоуто во вториот викенд на новата сезона, кога беше стрелец дури пет пати и еднаш асистент. Во последните девет натпревари беше стрелец 12 пати.
Исто така, момчето од Мадеира, кое неодамна го постигна 500-от гол во кариерата и ја освои рекордната четврта Златна копачка, со споменатиот погодок се осамостои на вечната листа на стрелците на славниот клуб од Мадрид – бидејќи стигна до 324-от погодок во белиот дрес на своите 310 настапи.
Со тоа тој го престигна легендарниот Раулс Гонзалес Бланко, кој на листата на стрелците има еден погодок помалку, но за тоа му беше потребен 431 натпревар повеќе.

Најнови вести