Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2014

И Леванте го отпушти тренерот

Шпанскиот фудбалски прволигаш Леванте го отпушти тренерот Хосе Луис Мендилибар, кој на таа функција беше само два месеци.

Мендилибар доби отказ по дебаклот од 5-0 против Реал Мадрид во саботата.
„Управниот одбор на Леванте одржа состанок и одлучи да го раскине договорот со Мендилибар“, се вели во соопштението на шпанскиот клуб кој се наоѓа на дното на табелата во Примера лигата.
Педесетгодишниот стручњак оствари само една победа во осум натпревари со Леванте, кој се најде на претпоследното место на табелата.
Мендилибар е втор тренер во Примера лигата кој остана без работа во рок од неколку часа, откако отказ на местото шеф на стручниот штаб на Кордоба, која е последна на табелата, вчера доби Алберт Ферер, на чие место е избран српскиот стручњак Мирослав Ѓукиќ.

Најнови вести