Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2017

Супер голови на Барди и Алиоски

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во неговиот втор натпревар во Примера лигата постигна погодок за Леванте, и тоа од слободен удар во натпреварот против Ла Коруња, додека Езгијан Алиоски го запиша неговиот прв гол во дресот на Лидс.

Во 35-тата минута од натпреварот, Барди директно од слободен удар од растојание од 26 метри постигна гол прецизно погодувајќи под гредата на голот на Ла Коруња и со тоа ја намали предноста на гостите на 1-2. 
Ова е четврти гол на македонскиот репрезентативец од четири обиди откако игра во дресот на Леванте.
Езгијан Алиоски, македонскиот репрезентативец кој игра во дресот на Лидс, го постигна неговиот прв гол во клубот од англиската Шампионат лига.
Претходно имаше одлични настапи за Лидс и постигна три асистенции, а сега конечно и со погодок ги израдува навивачите на англискиот клуб во победата на гостувањето против Нотингам форест.
Македонскиот репрезентативец голот го постигна во 87-мата минута од натпреварот од 22 метри и со тоа го постави конечниот резултат 0-2.
По победата на Нотингам, Лидс се искачи на третата позиција на табелата на Шампионат лигата.

Најнови вести