Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Алиоски „ја скина мрежата“ во дуелот на Јунајтед и Сити

Македонскиот репрезентативец, по вторпат сезонава се запиша во листата на стрелци

Езџан Алиоски во 26 минута постигна ефектен гол со кој му донесе водство на Лидс јунајтед од 2-0 на гостувањето кај Норвич сити, а откако гостите постигнаа и трети гол во средината на второто полувреме, стана јасно кој ќе ги освои трите бода. 
Тие 3:0 се покажаа и како конечен резултат, па финишот на второто полувреме беше само за приведување на мечот кон крај и за громогласно навивање на задоволните фанови на Лидс. 
Македонското крило својот денешен погодок го постигна откако шутна силно откосо од десетина метри, и немоќниот голман на противникот немаше шанса да ја спаси својата мрежа. Во минатото коло, Алиоски беше повлечен од игра по првото полувреме, но сега му докажа на тренерот  Марсело Биелса дека заслужува да игра 90 минути. 
Лидс на Алиоски е лидер на табелата во англискиот Чемпионшип, и по пет кола има 13 бода и гол-разлика 14:4. Алиоски засега сезонава има дадено два гола. 

 

Најнови вести