Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2014

Ван Волфсвинкел во Сент Етјен

Рики ван Волфсвинкел, напаѓачот на Норвич, наредната сезона ќе ја помине на заем во францускиот Сент Етјен.

Холанѓанецот на „Кароу роуд“ стигна од Спортинг Лисабон минатата сезона како големо засилување за 13 милиони евра, но само со еден гол на 25 натпревари не успеа да ја оправда довербата.
Откако Норвич на крајот на сезоната го напушти елитниот ранг, челниците на клубот одлучиле да го испратат на едногодишен заем во Лига 1.
„Многу сум среќен, навистина сакав да потпишам за Сент Етјен. Челниците, тренерот и луѓето во клубот ме натераа да се одлучам за зелениот дрес. Сент Етјен е еден од најголемите француски клубови, тимот и тренерот минатата година постигнаа многу добри резултати. Да се заврши како четврти во Лига 1 не е ниту малку лесно“, изјави Ван Волфсвинкел.
Ван Волфсвинкел на Островот стигна по две одлични сезони во лисабонскиот Спортинг (60 натпревари, 32 погодоци), а играше уште за Утрехт и Витесе.

Најнови вести