21.8.2013 Јохан Елмандер од Галатасарај во Норвич
Шведскиот 32-годишен фудбалер Јохан Елмандер го комплетира трансферот во англискиот премиерлигаш Норвич од редовите на турскиот шампион Галатасарај.
„На пат за Норвич! Новата кариера почнува утре!... Среќен сум што повторно ќе играм во Англија“, напиша на својот профил на „Твитер“ шведскиот напаѓач, поранешен играч на поранешниот премиерлигаш Болтон.
Елмандер е трето засилување во нападот на Норвич, откако менаџерот Крис Хјутон веќе ги ангажира Рики ван Волфсвинкел и Гери Хупер. Освен во нападот, Норвич оваа сезона екипата ја засили и со двајца играчи за врска – Лерој Фер и Нејтан Редмонд.
Елмандер во Галатасарај ги помина последните две сезони и беше стрелец на 16 погодоци во 52 настапи за клубот.