09.1.2016 Пинто од Динамо Загреб во Норвич
Досегашниот фудбалер на Динамо Загреб Иво Пинто својата кариера ќе ја продолжи во англискиот премиерлигаш Норвич, со кој потпиша договор на три и пол години.
„Работев напорно и мојот труд се исплатеше - дојдов во најсилната лига на светот. Сакам во Норвич да напредувам како играч но и како личност“, изјави Пинто, по потпишувањето на договорот.
Пинто дојде во Динамо во летото 2013-тата година од романскиот Клуж, а во две и пол години со клубот од „Максимир“ запиша 111 настапи.
Вредноста на трансферот не е објавена, но во Норвич се многу задоволни од купувањето на младиот репрезентативец на Португалија.
„Добивме играч со искуство во Лигата на шампионите, кој неодамна играше против Арсенал и Баерн Минхен. Пинто има 26 години, тој е добар и брз играч и ќе биде засилување за нас“, изјави менаџерот на Норвич, Алекс Нил.
Пинто има право да настапи за Норвич денес кога тимот игра во ФА купот на натпреварот против Манчестер сити.