Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2016

Ширле ја спаси Борусија, Јувентус убедлив во Загреб

Борусија од Дортмунд и Реал од Мадрид ремизираа 2-2 (1-1) во дербито на вечерта во групата Ф од второто коло на Лигата на шампионите.

Актуелниот шампион на вечерта поведе во 17-тата минута со 98-иот гол на Кристијано Роналдо во елитното натпреварување, но Пјер-Емерик Обамејанг го искористи киксот на Кејлор Навас во 43-тата минута и одбиената топка од Рафаел Варан ја лизна преку линијата.
Токму Варан му донесе нова предност на тимот на Зинедин Зидан во 68-мата минута, но Реал без победа во Дортмунд и во шестиот натпревар го остави Андре Ширле, со феноменалниот удар од 15-ина метри во 87-мата минута во блискиот агол на Навас.
Во другата средба на групата Ф, Спортинг во Лисабон дојде до првата победа, по уводниот пораз, откако со головите на Брајан Руис во 28-мата и Бас Дост во 37-мата минута ја порази Легија од Варшава со 2-0 (2-0).
Во групата Е, Тотенхем го заслужи триумфот од 1-0 (0-0) на гостувањето кај ЦСКА во Москва. Стрелец на погодокот за „петлите“ вреден три бода беше Хеунг-мин Сон на дваесет минути пред крајот на средбата.
Во Кнежевството беше видена првата драма, Баер од Леверкузен поведе со голот на Хавиер Ернандес Чичарито во 73-тата минута, за кој ова беше стоти гол во европските натпревари, но Камил Глик со волеј-удар во четвртата минута од продолжението го спаси Монако од пораз – 1-1 (0-0).
Копенхаген беше убедлив пред своите навивачи за прва победа во новата сезона на Лигата на шампионите, откако во второто полувреме ја наполни мрежата на Клуб Бриж – 4-0 (0-0).
Во втората средба од групата Г, Лестер го задржа максималниот учинок на дебито во елитата бидејќи голот на Ислам Слимани беше доволен за сите три бода против Порто на стадионот „Кинг пауер“ – 1-0 (1-0).
Јувентус ги натера навивачите на Динамо да ги наполнат трибините на загрепскиот „Максимир“, а потоа тој да ја наполни и мрежата на „сините“ – 4-0 (2-0). За шампионот на Италија стрелци беа: Миралем Пјаниќ во 24-тата, Гонзало Игуаин во 31-вата и Пауло Дибала во 57-мата минута, додека четвртиот гол му беше припишан на Адријан Шемпер, голманот на домаќините.
Во последниот натпревар на вечерта, Севилја на „Рамон Санчес Писхуан“ беше подобра од Олимпик од Лион со погодокот на Винсан Бен-Јадер во 62-рата минута. Лусијано Вјето потоа не  погоди пенал во 69-тата минута, но Андалузијците сепак го сочуваа триумфот.

Најнови вести