Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2017

Риека за прв пат шампион на Хрватска, Динамо симнат од тронот

Фудбалерите на Риека со победата над Цибалија со 4-0 ја освоија првата шампионска титула на Хрватска во историјата на клубот.

Риека стави крај на 11-годишната доминација на Динамо од Загреб, а по трите последователни шампиони во кои беше вицешампион.
Клучниот чекор кон титулата го почна во средата, со победата над Славен Белупо, нешто што не ѝ успеало од 2014 година.
Оттогаш до натпреварот против Цибалија фудбалерите на Риека броеја ситно, а со победата против Цибалија само потврдија дека навивачите можат да почнат со славење.
Головите за Риека ги дадоа Гаврановиќ во 12-тата и 15-тата минута, Безјак во 45-тата и Жупариќ во 71-вата минута.
Иако загрепскиот тим е во серија на победи и во последните три кола успеа да ѝ се приближи на Риека, по 35-тото коло на хрватскиот шампионат, Риечани имаат пет бода повеќе од клубот од Загреб.
Динамо во ова коло го победи Осиек со минимален резултат.
Пред натпреварот со Белупо, во Риека тврдеа дека нема место за еуфорија, но по победата, играчите прославија фрлајќи се на теренот. Риека повеќе пати имаше меч-топка, која ја искористи дури во средата во Копривница и сега против Цибалија.
Во текот на сезоната изгубија еден натпревар пред две седмици од Локомотива, а навивачите титулата ја бројат како втора, по онаа од 1999 година, за која тврдат дека им била одземена.

Најнови вести