Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Адеми се повреди, Динамо победи каде што никој немаше победено во ЛШ

Хрватскиот првак со 2:0 славеше на гостувањето кај Астана

Динамо има капитална предност од 2:0 по првиот одигран меч во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Хрватскиот првак изненадувачки, но заслужено се радуваше на ова гостување и е на чекор од пласман во плеј-офот за ЛШ. 
За Астана ова е прв пат да загуби на свој терен во меч од Лигата на шампионите. Овој клуб немаше пораз ниту во сезоната кога играше во групната фаза, ниту во некој од претходните квалификациски дуели. 
Будимир со погодок во 39 минута го најави триумфот на „модрите“, а потврдата стигна со погодокот на шпанскиот интернационалец Дани Олмо кој биеше прецизно од 20-тина метри во 84 минута за 2:0. 
На овој меч во 63 минута поради повреда беше заменет капитенот на Динамо Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец се пожали на повреда на ногата, а прегледите треба да покажат колку е сериозно и дали ќе мора да отсуствува од фудбалските терени. 
Вечерва се играат уште шест меча од квалификациите во Лигата на шампионите, можност за сите играчи во нашите обложувалници да си ја пробаат среќата. Вечерва ќе играат: Карабах – БАТЕ Борисов, Малме – Воли, Славија Прага – Динамо Киев, Стандард Лиеж – Ајакс, Црвена Звезда – Трнава, Бенфика – Фенербахче. 

 

Најнови вести